28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се изненадите кои инфекции можете да ги „заработите“ од парите

Ќе се изненадите кои инфекции можете да ги „заработите“ од парите

money12121212

Најновото истражување кое го спроведе компанијата „MasterCard“ покажа дека Европејците сметаат дека парите се истрошени, валкани и преполни со бактерии. Од нив 57 проценти веруваат дека банкнотите и монетите се најнехигиенските нешта со кои доаѓаат во контакт.

Независното истражување кое го спроведоа научниците од Универзитетот Оксфорд покажува дека хартиените банкноти во просек содржат повеќе од 26.000 бактерии, при што, на најновите и најчистите банкноти има околу 2,400 бактерии.

Коментирајќи ја ваквата состојба на просечната банкнота, Иас Томпсон, професор на Универзитетот Оксфорд, изјави „Тоа што Европејците ги сметаат банкнотите за валкани, не е без основа. Банкнотите од евра кои ги тестиравме во просек содржеа околу 26,000 бактери, што е доволен број на патогени организми за предизвикување на инфекции.

Претходното истражување на банкнотите откри присуство на потенцијално опасен вид на бактерии како што е бактеријата Клебсиела (бактерија која предизвикува респираторни инфекции, инфекции на уринарниот тракт и инфекции на рани) и Ентеробактер (бактерија које е природна и обично се јавува во нормален или патолошки облик во цревниот тракт кај луѓето и животните, а понекогаш е присутна и кај билките), таа може да предизвика болест кај луѓето.

Англиската министерка за здравје, неодамна укажа на опасност од некои форми на бактерии кои стануваат се повеќе отпорни на антибиотици. Со оглед на тоа дека банкнотите секојдневно се префрлуваат од едни во други раце, истражувањето кое го анализираше пренесувањето на отпорните видови на бактерии преку циркулирањето на банкнотите на глобално ниво секако имаше смисла, изјави таа.

Резултатите од истражувањето на банкнотите беа уверливи, со мали разлики од размислувањата на Европејците. Во сите 15 анкетирани земји во Европа, парите се сметаат како најнехигиенското нешто – тие се повеќе валкани од држачите на ескалаторите, терминалите за плаќање и книгите од библиотеките.

Каетано Карбони од „Global Products & Solutions Lead at MasterCard Europe“ додаде: „Освен фактот дека сите 15 европски земји ги одбраа парите како највалканата работа на листата, 83 проценти од Европејците веруваат дека банкнотите содржат мноштво од бактерии. Се потврдува ставот дека од сите нешта кои се употребуваат секојдневно, парите се највалкани. За значителен број на лица, интересен е фатот што Европејците преферираат плаќање со картички, бидејќи тоа е поедноставен и непосреден начин на плаќање. Повеќето сметаат дека тој начин на плаќање е похигиенски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП