19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2018

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за август 2018

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08.-31.08.2018 година вкупниот промет изнесувал 468.809.913 денари и е намален во однос на јуни за 48,61 отсто. 

Класичното тргување изнесува 252.634.347 денари и е намалено во однос на јули за 34,53 отсто кога изнесувало 385.880.968 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 239.662.015 денари и обврзници во вредност од 12.972.332 денари.

Блок трансакциите за август изнесувале 216.175.566 денари и се намалени за 58,93 отсто во однос на јули.

Бројот на трансакции во август изнесувале 1.469 и се намалени за 26,40 отсто во однос на јули кога изнесувале 1.996.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална банка, следи Макпетрол АД Скопје, и Алкалоид АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за август 2018 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП