18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Рекорден поврат на ДДВ во август од 44 милиони евра

Тевдовски: Рекорден поврат на ДДВ во август од 44 милиони евра

Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството заклучно август, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски по завршување на Комитетот за финансиска стабилност на која присуствуваше и гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска.

Во август е извршен најголем поврат на ДДВ на месечна основа во последниве 5 години од 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра.

-Преку навремениот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите и се стимулираат инвестициите. Само во август имаме поврат од 2,7 милијарди денари, што е рекордна сума изминативе 5 години. Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството од почеток на годинава, само по основ на поврат на ДДВ – рече Тевдовски.

Министерот за финансии рече дека стабилноста во финансискиот сектор се огледа и во реалниот сектор. Како што посочи Тевдовски, последните податоци за растот на економијата во второт тримесечје од 3,1% покажуваат дека македонската економија се движи во вистинска насока.

-Сите макроекономски индикатори покажуваат дека економијата се движи во позитивна насока. Индустриското производство од почетокот на годинава има кумулативен раст од 5%. Последниве два месеци има високи стапки на раст на индустријата од 12% во јуни и 8,4% во јули. Имаме висок раст на извозот од поечтокот на годинава од 14%. Странските директни инвестиции во првата половина на годината се 325 милиони евра, што е двојно повисоко од просекот од последните три години. Денеска излезе и стапката на невработеност, која е намалена од 21,6 на 21,2%. Имаме раст на платите кој е значаен и изнесува 5,6%. Ако ги погледнете сите податоци од наплата на даноци во буџетот тие се согласно проекциите – рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека врз основа на сите овие податоци се очекуваат добри економски резултати до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП