19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет работи кои треба да ги направите за да добиете подобро работно...

Пет работи кои треба да ги направите за да добиете подобро работно место

Моментално сте вработени, но не сте задоволни од работата или пак сте невработени и сте виделе оглас за работа. Мислите дека ја заслужувате таа подобра работа или позиција.

Постои еден „мал“ проблем.

За истата работа се имаат пријавено уште десетина лугќе со истите или со подобри квалификации. Наместо да очајувате и да ја окривувате состојбата во земјата, светот или во друштвото, можете да ги направите овие 5 работи кои драстично ќе ви ги зголеми шансите да ве забележи вашиот иден работодавец.

Зголемете ја вашата вредност

Вашето oбразование не е завршено во моментот кога сте излегле од училиште. Напротив, токму тогаш започнал. Започнете да читате книги и весници од вашата област.

Следете го својот „Facebook“ профил

Вистинското прашање е што ќе видат кога ќе погледнат во вашиот профил? Каков впечаток ќе добијат за вас? Затоа внимавајте какви слики поставувате на вашиот профил. Не „лајкувајте“ секакви страници.

Направете „Twitter“ профил

На „Twitter“  постои дел каде што може да кажете нешто во врска со себе во 160 карактери. Потрудете се да бидете кратки и креативни. Поставете иста слика на сите социјални мрежи, бидејќи така полесно ќе ве препознаат.

Задолжително направете „Linkedln“ профил

„Linkedln“   е социјална мрежа наменета исклучително за деловни и комерцијални апликации. Еден вид на ваше онлајн CV. Профилот се прави многу едноставно, само пратете ги упатствата.

Поврзете се со саканиот работодавец

Пратетe го вашиот потенцијален работодавец на сите мрежи каде што е. Пратете ги и вработените од вашата идна компанија. Бидете конструктивни. Учествувајте во дискусиите на различните социјални мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП