28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаем на храна и вино во Гевгелија

Саем на храна и вино во Гевгелија

hrana

На плоштадот во Гевгелија синоќа се одржа Саемот на храна и вино како завршен дел од проектот што заеднички го реализираа општините Гевгелија и Пеонија од Грција во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка.

На саемот со свој производи се претставија десетина компании од Гевгелијa производители на преработки од овошје и зеленчук, прехрана и вино, и пет компании од соседна Грција.

Саемот го отвори градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов кој во своето обраќање истакна дека манифестацијата е потврда за континуитет и проширување на соработката меѓу пограничните компании и изрази надеж и подготвеност таа да продолжи понатаму.

Заменик градоначалникот на Пеонија, Константинос Симеонидис во поздравниот говор нагласи дека заедничкиот проект постигна значителен успех и дека очекува да продолжи соработката во проектот од кој бенефит ќе имаат локалните економии на двете општини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП