18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Fitch" остро ја намали прогнозата за раст на турската економија

“Fitch” остро ја намали прогнозата за раст на турската економија

Агенцијата за рејтинг “Fitch” значително ја намали прогнозата за раст на Турција поради валутната криза во оваа земја.

Бруто домашниот производ оваа година ќе порасне за 3,8 отсто, а само 1,2 отсто во 2019 година, се наведува во прогнозите  на рејтинг агенцијата објавена во вторникот. Досега експертите очекуваа економски раст од 4,5 проценти и 3,6 проценти. Во 2020 година, земјата требаше да достигне раст на БДП од 3,9 отсто.

“Нашите предвидувања подлежат на значителната неизвесност”, велат од “Fitch”. Меѓу нив се политичките грешки, поголемите финансиски оптоварувања во приватниот сектор, геополитички тензии и потенцијални одливи на капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП