6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Made in Macedonia" опција и за грчките производи

“Made in Macedonia” опција и за грчките производи

По верификацијата на Договорот што го потпишаа Македонија и Грција, грчките производители ќе имаат рок од три години да одлучат дали своите производи ќе ги декларираат како „Made in Macedonia“ или на нив ќе стои „Made in Greece“.

Во Договорот, како што објасни денеска премиерот Зоран Заев во Стопанската комора на Македонија, дефинирано е правото на неексклузивност по ова прашање. Ако не се согласиме и не се договориме по тоа прашање, не значи дека Договорот не е валиден.

Според Заев, ние немаме проблем дали „Made in Macedonia“ ќе пишува заради регионот Македонија или заради нашата Македонија, како држава.

– Нема тие аспирации да го земат нашето право. Конечната цел е во рок од три години од верификацијата на Договорот, да разговараат двете земји зашто дел од грчките производители можеби ќе сакаат да го користат „Made in Macedonia“ и тука ни е договорено правото на неексклузивност. Ние немаме проблем дали „Made in Macedonia“ ќе пишува заради регионот Македонија или заради нашата Македонија, како држава. Но, оставен е период од три години за да им се даде шанса на бизнисите во Грција да имаат своја определба. Ако одлучат на своите производи да имаат „Made in Macedonia“, тоа кај нив е дискутабилно, зашто го исклулува „Made in Greece“, објасни Заев.

Грчките производители ќе одлучуваат сами, но тоа ќе биде договорено со согласност и од македонска страна.

– Тие ќе си одлучат сами, но тоа ќе биде договорено секако со наша согласнот. Дотогаш никој не го зема нашето право. Ако не се согласиме и не се договориме по тоа прашање, не значи дека не е валиден Договорот. Ние си остануваме со потекло „Made in Macedonia“ или „Произведено во Македонија“, но верувам дека беше важно да им ја дадеме таа можност за три години да се определат производителите во Грција како сакаат да се декларираат, истакна премиерот, образложувајќи го Договорот со Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП