22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве како за една година да изгубите 25 милијарди долари

Еве како за една година да изгубите 25 милијарди долари

D

Еике Батиста кој до неодамна беше седмиот најбогат човек во светот, изгуби 25 милијарди долари за само една година. На почетокот на 2012 година неговото богатство беше проценето на 30 милијарди долари.

Денес, само една година подоцна, Батиста е тежок 9 милијарди, тој испадна од листата на 100 најбогати луѓе во светот на Блумберг, а во својата земја е дури четвртиот најбогат човек.

Сонот на до неодамна најбогатиот Бразилец да стане и најбогатиот човек на светот стана неостварлив. Визијата на Батиста која до пред една година можеше да биде остварена – интегрираната империја на компании, транспортот на нафта и руда во Кина и тоа од пристаништето кое го изгради во близина на Рио де Жанеиро, се распрсна.

Денес, пристаништето кое требаше да биде тетото по големина во светот, сеуште е во изградба и е само еден дел од многубројните проекти кои не се довршени и кои не ја исполнија производната цел.

Падот на цената на нафтата од 34 проценти во 2008 година и лошата проценка на експлоатациските можности за нови извори го чинеше Батиста околу 25 милијарди долари.

Имено, Батиста предвиде дека неговата нафтена компанија „OGX“ ќе извлекува 50,000 барели нафта дневно до крајот на 2012, напредувајќи до 730,000 барели нафта дневно до 2015 година, но се покажа дека изворите на нафта биле посиромашни од надевањата и компанијата сега произведува помалку од 17,000 барели нафта дневно.

Пазарот реагираше и тоа со најголем пад на вредноста на акциите на берзата во Сао Паоло – вредноста на акциите на „OGX“ беше преполовена и за само два дена беа загубени 7,9 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП