4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна новата учебна година, над 20 илјади деца за прв пат ќе...

Почна новата учебна година, над 20 илјади деца за прв пат ќе седнат во училишните клупи

Започна новата школска година. За прв пат во училишните клупи ќе седнат над 20 илјади основци, додека во прва година во средно училиште се запишани над 16 илјади ученици. 

Во новата учебна година новина ќе биде бесплатниот превоз за сите ученици во средните училишта на Градот Скопје, независно од оддалеченоста на местото на живеење од училиштето во кое учат, најави градоначалникот Петре Шилегов.

Досега бесплатен превоз користеле околу 20.000 ученици кои живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето во кое учат. Од оваа учебна година бесплатен превоз ќе имаат можност да користат дополнителни над 2.000 ученици односно сите ученици во средните училишта на Град Скопје без исклучок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП