10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрујата во Турција се зголеми за 14%

Струјата во Турција се зголеми за 14%

Турскиот енергетски регулатор ги зголеми цените на електричната енергија за 14% за деловни корисници и 9% за домаќинствата од денес, 1-ви септември. Според податоците објавени во турскиот државен весник, цитирани од „Ројтерс“.

Зголемувањето на цената, што уште повеќе ќе ја разгори двоцифрена инфлација, одразува уште еден аспект од влијанието на тековната криза во Турција со валута.

Оваа година лирата поевтини за околу 42% и тоа ги погоди производителите на енергија, бидејќи Турција е речиси целосно зависна од увоз на енергенси за задоволување на енергетските потреби.

Во меѓувреме вчера стана јасно дека Турција го зголеми данокот на депозитите во странска валута и го укина данокот на депозитите во турски лири во рамките на напорите да ги поддржи тешкотиите на валутата.

Данокот на задржување на девизните депозити со рок на достасување до шест месеци се зголемува од 18 на 20%.

Истовремено данокот по одбивка на депозитите во турски лири со рок над една година се намалува од 10 на 0%.

Курсто на лирата порасна за 2,1 процент по одлуката и достигна 6,51 лири за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП