26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАХаштаговите пристигнаа и на Facebook

Хаштаговите пристигнаа и на Facebook

hastag

„Секој ден стотици милиони луѓе го користат „Facebook“ за да го споделат своето мислење за работите кои се случуваат. Досега немаше едноставен начин да се добие поголема слика за тоа“, стои во соопштението на „Facebook“.

За да го променат тоа од оваа друштвена мрежа одлучија да ги воведат хаштаговите.

Исто како и на „Instagram“, „Twitter“, „Tumblr“ на хаштаговите на „Facebook“ може сега да се кликне и потоа ќе биде прикажан „feed“ исполнет со тоа што другите корисници или страни пишувале за таа тема.

Отсега ќе биде можно да се пребаруваат содржини на „Facebook“ според хаштаговите, а приватноста на хаштагот ќе остане онаква како што е подесена на вашите постови.

Од „Facebook“ велат дека ова е само првиот чекор и дека ќе следат нови опции кои ќе им помагаат на луѓето поедноставно да учествуваат во јавните дискусии, кои ќе бидат претставени наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП