Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Како до успешен бизнис разговор преку телефон?

Време: 11:04

Датум: септември 1, 2018

Категорија: КАРИЕРА

Ако се земе во предвид фактот дека телефонот е во употреба долго време, начинот на кој што од многумина е користен би не натерал да помислиме дека е создаден вчера. Телефонските разговори доаѓаат до израз кај луѓето кои се занимаваат со продажба.

Кога не можете да се ракувате или да погледнете некого во очи, вие треба со својот глас и зборови да оставите впечаток на способен и сигурен продавач.

На жалост, многумина не се свесни дека преку телефонска жица звучат смешно, налик на робот, премногу или премалку зборуваат, и изговараат зборови кои имаат смисла само во комбинација со гестикулација. Малкумина знаат да го искористат својот глас и да ги изберат вистинските зборови во тек на телефонски разговор. За тоа да се поправи треба да се придржувате кон 5 правила:

1. Неутрализирајте ги вербалните слабости

Со дозвола на соговорникот снимете го разговорот и проучете го Вашиот говор. Луѓето многу често повторуваат зборови, како „значи“, „знаеш“, „да“, „не“ итн. Во текот на разговорот никогаш не користете дијалект од одредена област, а тоа е со цел да му се допаднете на соговорникот и секако тој да ве разбере.

2. Секогаш имајте план за што ќе разговарате

Не водете телефонски разговор, доколку не знате што сакате да постигнете со истиот. Прво, нема да го добиете целосното внимание од соговорникот, а второ не можете да дадете јасна порака.

3. Слушајте го соговорникот

Во текот на разговорот поголем е бројот на луѓето кои не го слушаат воопшто разговорот. Тоа е лошо, бидејќи не можете да навлезете во сржта на проблемот.

4. Направете пауза пред да одговорите

Пред да дадете одговор, направете пауза од неколку секунди. Соговорникот ќе сфати дека сте го слушале и дека му го вреднувате мислењето.

5. Слушајте се и себеси

Во текот на разговорот, слушајте се што зборувате. Многумина размислуваат повеќе за тоа што ќе им биде одговорено.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • За успех во кариерата овие вештини се неопходни

    За успех во кариерата овие вештини се неопходни

    Со што и да се занимавате потребно е да го совладате следниот список со вештини… Критики Кога-тогаш ќе морате да научите да ги прифаќате критиките.…

  • Како полесно да ги реализирате вашите дневни цели

    Како полесно да ги реализирате вашите дневни цели

    Ако вашето време го трошите непланирано, неорганизирано, на некои неважни и споредни нешта, лесно можете да заборавите со која цел воопшто сте започнале да работите.…

  • Неколку начини потворно да се заљубите во вашата работа

    Неколку начини потворно да се заљубите во вашата работа

    Постојат неколку работи кои можат да ве направат посреќни на работа. Знаете како е на работа… Како и на почетокот на љубовната врска секогаш почетокот е…

  • До успех нема да дојдете доколку сте срамежливи

    До успех нема да дојдете доколку сте срамежливи

    Доколку сте повлечени и дискретни, ќе ви биде потешко да дојдете до деловен успех. Затоа многу е важно да ја надминете вашата природа, откријте им…

  • Пет работи кои треба да ги направите за да добиете подобро работно место

    Пет работи кои треба да ги направите за да добиете подобро работно место

    Моментално сте вработени, но не сте задоволни од работата или пак сте невработени и сте виделе оглас за работа. Мислите дека ја заслужувате таа подобра…

  • 10 навики кои ќе ви донесат позитивни промени

    10 навики кои ќе ви донесат позитивни промени

    Како претприемач, многу лесно може да ви се случи да влезете во одредена рутина во која секојдневието не ви овозможува многу начини за напредување во…

  • Како да бидете среќни на работа?

    Како да бидете среќни на работа?

    Малите промени во вашата рутина можат да имаат неверојатно позитивно влијание на квалитетот на секој ден кој го поминувате на работа. Еве неколку кратки и едноставни…

  • Како да го обезбедите вашиот бизнис додека сте на годишен одмор

    Како да го обезбедите вашиот бизнис додека сте на годишен одмор

    Што ќе се случи со вашиот бизнис кога сте на годишен одмор или морате некаде да отпатувате на подолг период? Всушност, запрашајте се себеси што…

  • За што најмногу жалат милионерите?

    За што најмногу жалат милионерите?

    Најновото истражување покажа дека она за што милионерите најмногу жалат е всушност односот со нивните сакани лица. Во истражувањето учестуваа повеќе од 2.000 американски милионери кои…

  • Што вашите колеги прво го забележуваат на вас?

    Што вашите колеги прво го забележуваат на вас?

    Дали некогаш сте се запрашале што вашите колеги прво забележуваат на вас кога ќе дојдете на работа, без оглед дали штотуку сте започнале со оваа работа…