18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во деловните објекти во Азија достигнаа рекордни 81 милијарди долари

Инвестициите во деловните објекти во Азија достигнаа рекордни 81 милијарди долари

Инвестицискиот обем во азиско-пацифичкиот регион оствари рекордни 81 милијарди долари во првата половина од годината, пораст од 30% на годишна основа, покажува новиот извештај на глобалната консултантска компанија во областа на недвижностите „JLL“.

Хонг Конг води во регионот како најголем активен град и е меѓу трите најголеми ликвидни пазари во светот со зафатнина на трансакциите од 14,6 милијарди долари. Од нив продажба на 73-катната зграда „The Center“ за рекордни 5,1 милијарди долари се претвори и во најскапата имотна зделка во светот, објави „World Property Journal“.

„Пазарите на недвижности во азиско-пацифичкиот регион продолжуваат да се претстави добро и покрај глобалната политичка и економска несигурност“, вели Стјуарт Кроу, шеф на пазарите на капитал за азиско-пацифичкиот регион во „JLL“. „На глобално ниво стапката на склучување на договори во азиско-пацифичкиот регион ја надмина онаа во Европа и САД, а растот на обемот на трансакциите е поддржан од континуираното циклично обновување на развиените пазари како Хонг Конг, Австралија и Јапонија“, додава тој.

Обемот на трансакции во Хонг Конг порасна до 14,6 милијарди долари во првата половина на годината во однос на 5,8 милијарди долари за истиот период од 2017-та година. Градот не само што ја зазема првата позиција во регионот, како најголем активен град, но и отскокнува на третото место на најликвидните пазари во светот по Лондон и Њујорк.

„И покрај зголемувањето на цените, интересот на инвеститорите останува одржлив. Помеѓу 2015-та и 2017-та година купувачите трошат во просек по 2,1 милијарди долари годишно за канцеларии во Хонг Конг. Оваа година очигледно ќе го повтори или дури ќе ја надмине оваа бројка, затоа што веќе се реализирани трансакции за 2 милијарди долари“, коментира Џозеф Цанг, управен директор и раководител на пазарите на капитал во „JLL Hong Kong“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП