2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКроација Осигурување: Сакаме да останеме доминантни на хрватскиот пазар

Кроација Осигурување: Сакаме да останеме доминантни на хрватскиот пазар

croatijaosiguranje1

Хрватската Кроација Осигурување нема да ги жртвува своите профитни маржи на сметка на квалитетот, додека настојува да ја одржи доминантната позиција на домашниот пазар за осигурување и додека се обидува да го зајакне присуството во регионот во пресрет на приватизацијата, изјави Крешимир Старчевиќ, извршен директор на компанијата, во интервјуто за Ројтерс.

„Нашиот сегашен удел на пазарот е околу 35 проценти, ние сме уверени дека можеме да го задржиме. Но, нашиот најголем приоритет е квалитетот и профитабилноста, ние нема да трчаме по нови клиенти за било која цена“, изјави Старчевиќ.

Хрватската влада до крајот на годината планира да продаде 50 проценти од уделот во хрватскиот водечки осигурител. Во моментов државата поседува 80 проценти од акциите во компанијата.

Полскиот осигурител „PZU“ и групацијата „Adris“ се сметаат за најверојатните кандидати за стекнување на мнозински удел во компанијата за осигурување, чија вредност се проценува на околу 295 милиони евра.

Во првите три месеци од оваа година Кроација Осигурување оствари премија во висина од 120 милиони евра, или за пет проценти помалку од резултатите во претходната година, како резултат на продолжената криза во Хрватска.

Вкупниот осигурителен пазар во Хрватска во тој период се намали за околу 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП