28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемите претприемачи на нашето време

Најголемите претприемачи на нашето време

jobs

Некои луѓе и компании ќе бидат запаметени со генерации, но само некои од нив можеме да ги наречеме најголеми. Иако секој има свои критериуми при креирање на овие листи, Fortune доведе до социјални и економски индикатори на вредност и ни ја донесе листата на најдобрите претприемачи на нашето време.

1.Стив Џобс

Компанија: Apple

Совет: Занемарете го фокусот на групите и  маркетиншките истражувања

Ако ги занемаруваме вечните дебати помегу „Apple“ и „Microsoft“, ќе остане фактот дека Џобс е вистинската клучна претприемачка фигура на нашето време.

Покрај тоа Џобс зад себе остави голем број технолошки иновации и стана икона на визионерството. Разликата помеѓу него и останатите претприемачи е во тоа што тој сметал дека фокусот на групите и на маркетиншките истражувања само ги ограничуваат иновациите. Кога на пазарот се воведе iPad, Џобс не го истражувал пазарот. Тоа го објаснил на следниов начин: Не е работа на потрошувачите да знаат што сакаат. Тешко е да се каже што сакаш ако предходно никогаш немаш видено нешто такво.

2. Бил Гејтс

Компанија: Microsoft

Совет: Најдете паметни луѓе и создадете мали тимови

Гејтс е еден од ретките кои доби шанса да го проментат светот два пати. Првиот пат влијаеше на  компјутерската револуција, а сега се залага за глобално здравје и образование. Сличноста во управувањето на „Microsoft“ и „Bill & Melinda Gates“ Фондацијата, се гледа од профиотот на вработените и нивната организација во мали тимови.

3. Фред Смит

Компанија: FedEx

Совет: Потпрете се на менаџери од прво ниво

Искуството на Смит во Виетнамската војна му го овозможило создавањето на оваа компанија. На крајот на 60-тите години на минатиот век, овој претприемач беше лидер на водот во маринците, а подоцна и воздушен контролор. Преку овие одговорности Смит искусил како функционира воената логистика и што е тоа дисциплина.

„Кога луѓето ќе ме запрашаат по кои принципи се водам во водење на компанијата, јас им одговарам дека овие правила ги имам научено во Маринскиот корпус за време на Виетнамската војна“, изјави Смит.

4.Џеф Безос

Компанија: Amazon

Совет: Имајте редовни мали вежби и обнова

По игнорирањето на советот од тогашниот  шеф на Њујорк, Безос, воден од најголемата популација на софтверските програмери, заминал во Сиетел. По оформување на „Amazon“ чекал шест години за првиот квартален профит. Но не му се брзало, ниту сега бидејќи се води од тоа дека гради важна и долготрајна компанија. Преку ова искуство тој научил како одвреме-навреме треба да се напрви мал одмор, како и дека во тој период на одмор најчесто се создаваат најдобрите идеи.

5. Лари Пејџ и Сергеј Брин

Компанија: Google

Совет: Не штедете на иновации

Водени од идеата за тоа како ќе изгледа на едно место да ги добијат сите информации што им се потребни, Пејџ како 23 годишник започна да го создава „Google“. Со приходите кои ги оствариле со тек на времето, ко-основачите на „Google“ вложувале во истражувања и развој. Тие пари, односно таквите вложувања овозможиле „Google“  да остане водечкка алатка за пребарување на информации во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП