6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКисела Вода привремено вработи образовни асистенти за работа со деца со посебни...

Кисела Вода привремено вработи образовни асистенти за работа со деца со посебни потреби

Десетмина образовни асисенти потпишаа договор за привремено вработување во основните учулишта во Општина Кисела Вода, кои се во надлежност на локалната самоуправа. Тие ќе работат со ученици со посебни образовни потреби.

Општина Кисела Вода претходно објави јавен оглас за времено вработување на десет образовни асистенти со завршено високо образование-профил дипломиран дефектолог, педагог, психолог, одделенски наставник, предметен наставник, во основните училишта кои се под нејзина надлежност. Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаа сите невработени лица, при што предност имаа лицата кои за прв пат се пријавија за учество во Програмата.

Проектот “Се грижиме и ги воспитуваме најмладите” Општина Кисела Вода го реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ. Овој проект локалната самоуправа успешно го реализира четврта година по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП