3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроизводителот на Jack Daniel's го чувствува „осилото“ од трговскиот притисок

Производителот на Jack Daniel’s го чувствува „осилото“ од трговскиот притисок

Производителот на американското виски „Jack Daniel’s“, „Brown-Forman Corp.“ го чувствува „осилото“ од трговските спорови меѓу САД и Европската унија (ЕУ) и наметнатите давачки врз американскиот пијалок, објави „Wall Street Journal“.

Компанијата која стои зад марките бурбон, како „Old Forester“ и „Woodford Reserve“, предупреди дека профитот за тековната фискална година нема да ги оправда прелиминарните предвидувања поради меѓународната трговска несигурност и дополнителните трошоци, создадени од неодамна усвоените царини од ЕУ.

Во јуни Европа започна да воведува 25-процентна царина за увозот на американско виски, мотоциклите на „Harley-Davidson“ и други американски стоки како одговор на давачките за челик и алуминиум од ЕУ од страна на претседателот Доналд Трамп.

Месец подоцна „Harley-Davidson“ соопшти дека ќе го префрли производството во странство со идејата да ги избегне предметните давачки, што го привлече гневот на Трамп.

Раководителите на „Brown-Forman“ рекоа дека го успоруваат поскапувањето на своите производи на некои европски пазари, за да го минимизираат влијанието на царините врз продажбата.

„Во некои односи ние купуваме време, за да видиме дали овие мерки можат да бидат постигнати“, изјави главниот извршен директор на компанијата Пол Варга, истакнувајќи дека шкотското виски ја засилува својата конкурентност во Европа.

Раководителите тврдат дека предметното забавување во зголемувањето на цените, во комбинација со повисоките трошоци и флуктуациите на девизниот курс, ќе избрише по 10 центи по акција во годишната добивка на компанијата или речиси 50 милиони долари.

Покрај заканите од царините, компанијата забележа пораст на продажбата од 6% за првиот квартал до 766 милиони долари, бидејќи силниот профит на меѓународните пазари го компензираат претставувањето во САД.

Раководителите на „Brown-Forman Corp.“ посочуваат дека половина од 12-те проценти зголемување на продажбата надвор од земјата се резултат на купувањето на производи за складира пред царините.

Добивката за кварталот се зголемила за 12% до 200 милиони долари или 41 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП