28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе направиме така како што сакаат луѓето, вели Јункер во врска со...

Ќе направиме така како што сакаат луѓето, вели Јункер во врска со сметањето на времето

Првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во германскиот печат се осврна кон резултатите од анкетата на која Европејците се изјаснија дека се против зимското сметање на времето. Во интервјуто, тој рече дека е убеден дека Европската унија ќе се префрли на летно сметање на времето во текот на целата година.

„Така ќе биде“, уверено порачал Јункер и додал дека предлогот ќе го достави на Комисијата, по што на потег ќе бидат земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент.

Јункер рече дека нема смисла да се прашуваат луѓето што сакаат и што мислат по одредено прашање, а потоа да се игнорира нивната позиција.

Неделава беа објавени прелиминарните резултати од интернет-анкетата на Европската комисија, на која Европејците гласаа дали сакаат да го укинат поместувањето на стрелките на часовникот напролет и наесен.

На анкетата учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе, а над 80 проценти од нив гласаа за укинување на менувањето на времето.

Повеќе од 80 проценти од Европејците кои гласале на анкетата се изјасниле во текот на целата година часовниците да работат по теркот на летното сметање на времето, односно два часа попред во однос на Гринич.

Портпаролот на Комисијата по објавувањето на првичните реултати рече дека на неговите колеги ќе им треба време да ги анализираат резултатите и подоцна да излезат со конечен став во јавноста, што веќе го направи Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП