17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна поставувањето на бројчаникот на Порта Македонија

Започна поставувањето на бројчаникот на Порта Македонија

Според неофицијални информации, вечерва со помош на механизација, службите го поставуваат бројчаникот на Порта Македонија, кој актуелниот премиер Зоран Заев го вети во предизборието за предвремените парламентарни избори.

Премиерот денеска уште еднаш го најави ваквиот зафат, иако не прецизираше кога точно ќе биде изведен истиот и рече дека тоа би се случило наскоро.

Вечерва работници придружувани од полициско обезбедување заваруваат и бушат на градбата која е дел од проектот „Скопје 2014“ . Припадниците на полицијата околу Порта Македонија велат дека не знаат какви точно активности се вршат во моментов, но ги пренасочуваат граѓаните кои минуваат под портата поради поголема безбедност.

Според предизборното ветување на Заев, украдените народни пари ќе бидат вратени назад во државната каса, а бројчаникот на Порта Македонија ќе го регистрира тековниот биланс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП