11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп се закани дека САД ќе се повлечат од Светската трговска организација

Трамп се закани дека САД ќе се повлечат од Светската трговска организација

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги повлече САД од Светската трговска организација доколку не види подобрување во начинот на работа на СТО.

Во интервју за агенцијата Блумберг, Трамп ја обвини организацијата дека придонесува кон неправичната трговска положба на САД во светот, и „со години има негативен став кон САД“.

Трансформирање на трговските односи на САД е висок приоритет за Трамп кој постигна нов трговски договор со Мексико, и воведе царини за увозот на челик и алуминиум. Со над 160 членки, СТО работи на обезбедување слободна трговија во светот, со што е можно пониски царини и административни пречки.

Трамп воедно најави дека може да воведе царини од 25 проценти за поголем број кинески артикли вредни 200 милијарди долари во годишна трговија.

Според извори на Блумберг во Белата куќа, одлуката се уште не е конечна. САД воведоа царини за кинескиот челик и алуминиум, по што Кина воведе царини за американски производи вредни десетици милијарди долари, пред се земјоделски производи, како што е сојата кои САД ги извезуваат во големи количества во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП