16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеморандуми за соработка меѓу РЕК Битола и општините Битола, Новаци и Могила

Меморандуми за соработка меѓу РЕК Битола и општините Битола, Новаци и Могила

Менаџментот на РЕК Битола и градоначалниците на општините Битола, Новаци и Могила потпишаа меморандуми за меѓусебна соработка со што се обврзуваат интензивно и конкретно да соработуваат во области од надлежност на локалната самоуправа.

Според директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски, комбинатот внимава и е посветен на општествената одговорност, а потврда за тоа се и потпишаните договори.

– Со локалните самоуправи можеме да соработуваме, а и да помагаме во делот на надлежностите на локалната самоуправа, екологијата, образованието, инфраструктурата, комуналните дејности. РЕК Битола помагал и досега, а ќе помага и  понатаму бидејќи сакаме да помагаме во делот на економијата и социјалата и секако во делот на животната средина. Сметам дека овој момерандум кој го потпишавме дополнително ќе ја зајакне нашатата соработка која и досега ја имавме со овие три општини, истакна Ковачевски.

Меморандумите ги потпишаа градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски, на општина Могила Јасмина Гулевска и на општина Битола, Наташа Петровска.

– Ингеренцииите кои ги има општина Битола во голем број се поклопуваат со можност за поддршка со РЕК Битола. И во изминатиот период сме имале помош од Комбинатот во поглед на стручниот кадар, но сме имале и финансиска помош.  Денешното потпишување на меморандумот е само потврда на таа соработка, продлабочување на истата и можност уште поуспешно да делуваме заеднички во интерес на сите граѓани во следниот период, посочи Петровска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП