29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да бидете среќни на работа?

Како да бидете среќни на работа?

Малите промени во вашата рутина можат да имаат неверојатно позитивно влијание на квалитетот на секој ден кој го поминувате на работа. Еве неколку кратки и едноставни совети како да бидете среќни на работа.

Украдете наутро една минута само за себе

Во утринската рутина вметнете 60 секунди во кои ќе бидете сами и во тишина. Не мислете на работата, одморете го мозокот и наградете се со енергија.

Почесто смејте се

Со смеењето постигнувате две работи, прво, насмевката му говори на мозoкот да биде среќен. Второ, кога се смеете, позитивноста ја пренесувате и на другите луѓе. Насмевката е заразна, на добар начин.

Пофалете се самите

Секој пат кога ќе завршите некоја работа, проект, застанете и самите пофалете се себе си. На тој начин сами си создавате чувство дека сте успешни.

Прославете кога ќе научите нешто ново

Човекот секој ден учи нешто ново. Трик е да препознаете кога сте научиле нешто ново и потенцијално важно. Тоа е победа која заслужува едно во себе изговорено „Урааа“.

Заблагодарете им се на колегите

Веројатно знаете дека на колегите и клиентите треба редовно да им се заблагодарувате за соработката, услугите… Но, исто така заблагодарете им се и на оние лица кои не ги приметувате толку често а сепак ви помагаат, како што е хигиеничарката, чуварот, луѓето во кол-центарот. На тој начин и нивниот и вашиот ден ќе биде поубав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП