20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија малку се зголеми во август

Невработеноста во Германија малку се зголеми во август

Бројот на невработени во Германија е зголемен за 26.000 во август, достигнувајќи 2,35 милиони, според податоците на Федералната агенција за вработување објавени денеска.

Ова е пораст од 0,1 процентен поен во текот на претходниот месец, па така невработеноста во Германија изнесува 5,2 проценти.

Споредено со истиот месец од минатата година, бројот на Германците без работа се намали за околу 194.000.

Малку повисоката стапка на невработеност во август може да се припише на вообичаените сезонски фактори, рече шефот на Федералната агенција за вработување, Детлеф Шеле.

Бројот на баратели на работа се намали според сезонските фактори, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП