20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: 28,7 милиони евра од СБ за нови градинки и унапредување на...

Тевдовски: 28,7 милиони евра од СБ за нови градинки и унапредување на социјалните услуги

Министерството за финансии ќе склучи договор со Светска банка (СБ) за обезбедување средства во износ од 28,7 милиони евра за унапредување на социјалните услуги.

Проектот, како што истакна министерот за финасии Драган Тевдовски при објаснувањето на Предлог законот во Собранието, опфаќа проширување на капацитетите за предучилишно згрижување и воспитание преку изградба на нови објекти и пренамена или надградба на постоечката инфраструктура на предучилишни институции.

Предлог законот со кој ќе се овозможи финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги денеска влезе во собраниска процедура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП