13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром ги презема трошоците за обезбедување на училиштата и градинките

Општина Аеродром ги презема трошоците за обезбедување на училиштата и градинките

Општина Аеродром од 1 септември ги презема трошоците за обезбедување на основните училишта и детските градинки што досега ги плаќаа родителите.

За обезбедување на училиштата и градинките од општинскиот буџет ќе бидат издвоени пет милиони денари.

– Преку овој проект не само што се грижиме за безбедноста на децата, туку сакаме и да им помогнеме на родителите да ги намалат трошоците за образование на своите деца. Одлуката за преземање на трошоците за обезбедување на училиштата и градинките е дел од пакетот мерки за помош на родителите на стартот на новата учебна година, заедно со еднократната помош од 3.500 денари за секое прваче, соопштија од општина Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП