19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре во Скопје ќе се прска против комарци

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје известува дека третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, додека четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 03 септември.

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, во текот на денот.

3.Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе почне на 03.09.2018 година (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 07.09.2018 година.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција“ соопшти Градот.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП