3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа одбележувањето на Денот на рударите најавени нови инвестиции, зголемено производство и...

На одбележувањето на Денот на рударите најавени нови инвестиции, зголемено производство и подобра заштита на вработените

Со централна прослава, на која се обратија вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, директорот на РЕК „Битола“, Васко Ковачевски, и директорот на ПЕ „Рудници“ при РЕК „Битола“, Душан Вукадиновиќ, почна одбележувањето на Денот на рударите – 28 Август.

Владата работи посветено производството во ЕЛЕМ и во РЕК „Битола“ од година на година да расте, изјави вицепремиерот Анѓушев за време на одбележувањето на Денот на рударите. Овој ден е многу значаен за АД ЕЛЕМ затоа што рударите се тие од каде што почнува целиот производствен процес во нашите термоелектрани, посочи генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски.

„Поминавме тешка зима и тоа вие многу добро го знаете, но успеавме да го одржиме системот стабилен и да одговориме на потребите на тарифните потрошувачи, односно на потребите на граѓаните. Следува новиот предизвик – да се обезбеди јаглен за следната сезона што доаѓа и тука ќе биде потребно големо вложување од секој од нас.

Нашата цел како Управен одбор на АД ЕЛЕМ е во иднина да вложуваме во нашите производни капацитети, секако да вложуваме во обновливи извори на енергија, што е тренд секаде во светот, но исто така од тука треба да нагласиме и дека без енергија од термоелектраните невозможно е да се одржи стабилен и сигурен енергетски систем. Нашата заложба е инвестициите што ги правиме и ќе ги правиме во нашите комбинати да одат паралелно со инвестициите во еколошките сегменти, односно вложуваме во редовно и одговорно отпепелување според сите протоколи, поставување нови електростатски филтри, пошумување во околината на комбинатот и редица други мерки со кои ќе покажеме и покажуваме дека сме одговорни и кон потребите на граѓаните за навремено снабдување со електрична енергија, но и кон нивните потреби за чиста животна околина и заштита на среднината во која живееме“, изјави Миновски.

Директорот на РЕK „Битола“, Васко Ковачевски, во своето обраќање потенцира дека менаџерскиот тим на РЕК „Битола“, со поддршка на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ, почна редица проекти со кои работата на рударите и на другите вработени во комбинатот треба да стане подостоинствена, условите за работа подобри, а производствените перформанси повисоки.

За време на денешниот настан им беа доделени и пофалници и награди на 50 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП