19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот претседател предложи ново зголемување на старосната граница за пензионирање

Рускиот претседател предложи ново зголемување на старосната граница за пензионирање

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска во своето телевизиско обраќање до руските граѓани порача дека пензиските реформи во земјата се неопходни, но и дека не се согласува со сите предлози на нацрт-законот за реформа на пензискиот систем.

Путин во своето обраќање, меѓу другото, предложи ново зголемување на старосната граница за пензионирање – за жените до 60 години и за мажите до 65 години.

„Демографскиот развој и трендовите на пазарот на трудот, како и анализата на ситуацијата, покажуваат дека повеќе не можеме да ја одложуваме реформата, но нашата одлука мора да биде праведна, балансирана и да ги почитува интересите на граѓаните“, рече Путин во своето обраќање пред нацијата.

Оригиналните предлози кои предвидуваа зголемување на старосната граница за пензионирање на 65 години од 60 за мажи и на 63 години од 55 за жени, популарноста на Путин ја доведоа на најниско ниво, a предизвикаа и низа протести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП