25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го обезбедите вашиот бизнис додека сте на годишен одмор

Како да го обезбедите вашиот бизнис додека сте на годишен одмор

Што ќе се случи со вашиот бизнис кога сте на годишен одмор или морате некаде да отпатувате на подолг период? Всушност, запрашајте се себеси што конкретно би се случило доколку сте отсутни од работа?

Еве три препораки кои ќе ви помогнат да се осигурате дека кога сте отсутни, нема да се случи ништо страшно и работата ќе тече во нормален тек исто како кога сте присутни. Голема грешка ќе направите доколку заминете на одмор и постојано сте на компјутерот, мејлот, телефонот, проверувајќи дали е се во ред. На секој човек му е потребен одмор, на кој нема да размислува за работните задачи и компанијата.

1. Напишете ги вашите најважни фунцкии

Напишете ги вашите најважни функции во компанијата. Напишете што правите на дневна, неделна и месечна база за да не се прекине растот на компанијата. Нормално, сето ова пренесете им го на оние на кои им ја доверувате компанијата за периодот кога ќе бидете отсутни.

2. Листа на наследници (лица кои ќе ве заменат)

Направете листа на наследници во која што секој ќе знае секогаш која е неговата одговорност во завршување на обврските. Разговарајте со секого одделно и кажете им на сите што очекувате од нив.

3. Тренирајте ги вашите наследници

Кога веќе ќе ги идентификувате функциите и листата на наследници, почнете да ги тренирате вашите наследници да можат да се соочат со сите дадени одговорности за да можат да го развиваат бизнисот дури и кога сте отсутни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП