18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорака до Трамп: Мексико нема да го плати ѕидот

Порака до Трамп: Мексико нема да го плати ѕидот

Мексико потврди дека никогаш нема да плати за евентуалниот ѕид по должината на границата со САД, чија изградба ја вети американскиот претседател Доналд Трамп.

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Луис Видегарај Касо, наведе на Твитер дека неговата земја постигнала договор за трговија со САД и дека се многу позитивни изгледите за односите меѓу двете земји, но сосема е јасно дека Мексико никогаш нема да плати за ѕидот, објави Асошиетед прес.

Трамп вчера, за време на состанокот со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рече дека Мексико ќе го плати ѕидот многу лесно.

Изјавата на Трамп дојде еден ден по објавувањето дека САД и Мексико постигнаа договор за нов трговски договор наместо Договорот за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА), во кој е и Канада.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП