2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„НаТочак“ за достојно и организирано одбележување на Денот без автомобили

„НаТочак“ за достојно и организирано одбележување на Денот без автомобили

Денеска ќе се одржи 76-тата Критична маса со која неформалната група „НаТочак“, заедно со велосипедистите во Скопје ќе побараат од општините поголеми заложби во поддршката на здравиот транспорт во градот.

По тој повод, групата на почетокот од неделава испратила допис до Град Скопје и 8 општини во градот, во кој се бара покревање на свеста за превоз кој не вклучува автомобил, како неефективен и штетен тип на превоз и поголеми напори насочени кон менување на моменталните транспортни навики. Како прв чекор кон тоа е наведено одбележувањето на Светскиот ден без автомобили на 22 септември.

„НаТочак предлага на секоја општина во Скопје, на 22 Септември (сабота), да затвори за автомобилски сообраќај една улица која е во надлежност на општината, но и да подготви програма и да организира активности за граѓаните (со локални уметници, музичари, здруженија и сл.) на таа улица во текот на денот, со што ќе ги мотивира да дојдат и да се задржат на таа улица, за да ја доживеат на поинаков начин. Секако, самите граѓани треба претходно да бидат добро информирани и запознаени со целта на денот, со активностите кои ќе се преземат и за затворањето на улиците“, образложуваат од групата.

Многу градови ширум Европа ќе ги затворат своите улици за движење на автомобили за еден ден во септември, како дел од кампањата Ден без автомобили (Car-Free Day) во рамки на овогодишната Европска недела на мобилноста (European Mobility Week).

Започнувајќи од 22 септември 2000 година, кога 760 градови ширум Европа го поддржаа организирањето на Ден без автомобили, секоја година учество земаат и нови градови јасно покажувајќи дека започнуваат план кој ќе ги менува нивните градови во однос на транспортните политики и дека имаат план во кои предност ќе има квалитетниот живот на луѓето.

Од групата „НаТочак“ велат дека секој 22-септември за градот тоа треба да биде ден во кој ќе се презентираат идеи поврзани со здравата транспортна политика.

„Тоа е и ден во кој ќе се презентира како е поубаво да изгледа градот. Улиците да бидат полни со луѓе, а не автомобили. Улиците да бидат место каде луѓето ќе се среќаваат, разговараат, забавуваат, каде децата безбедно ќе играат“, наведуваат од „НаТочак“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП