6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез струја повеќе населби во Скопје

Без струја повеќе населби во Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД преку соопштение до медиумите ја информираат јавноста дека во текот на денот без електрична енергија ќе останат делови од општина Центар, Кисела Вода, Аеродром, Петровец, Сарај, Карпош и Гази Баба.

Во периодот од 08:30 до 10:30 часот, како што стои во соопштението, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Капиштец“, „Питу Гули“, како и дел од улицата „Димитар Пандилов“, во општина Центар. Од „ЕВН Македонија“ во соопштението додаваат дека електрична енергија ќе немаат ниту корисниците од улицата „Руди Чаевац“, поточно бараките на улицата „Новопроектирана“ во општина Аеродром и тоа во период од 08:30 до 11:30 часот, како и корисниците: Тинекс и Мак петрол, во населба Чојлија во општина Петровец во период од 08:30 до 15:00 часот.

Понатаму додаваат од „ЕВН Македонија“ во период од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат и дел од корисниците од улицата 10 во село Јурумлери во општина Гази Баба, додека во период од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од селата: Глумово, Шишево, Горна и Долна Матка, Музеј Матка, ресторан Кањон Матка и фирмите: „Адриус“, „Бис оил’ и „Виа комерц“, сите во општина Сарај.

Во Кисела Вода без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата 1513 во населба Пинтија, во период од 08:30 до 10:30 часот , како и корисниците од улицата „Јанко Мишиќ“ во населба Драчево, во период од 09:00 до 13:00 часот.

Во општина Карпош без струја, како што информираат од „ЕВН Македонија“ во период од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улицаата „Будимпештанска“, од бројот 11а до бројот 27б, додека во периодот од 12:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од булевар „8-ми Септември“ броевите 21 и 23 и дел од Момин Поток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП