18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапија на сила американските санкции кон Русија поради труењето на Скрипал

Стапија на сила американските санкции кон Русија поради труењето на Скрипал

Американските санкции воведени против Русија поради наводната вмешаност во труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, стапија на сила.

Американската администрација соопшти претходно овој месец дека има намера да воведе санкции ротив Русија откако било утврдено дека нелегално употребила хемиско оружје во случајот Скрипал. Санкциите предвидуваат построги ограничувања на извозот на производи важни за националната безбедност, како и санкции поврзани со цивилниот авиосообраќај.

За три месеци е предвиден нов пакет санкции, ако Русија не понуди цврсти докази, како што се вели во соопштението од Сојузниот регистар, дека повторно нема да употреби хемиско оружје. Тие санкции би можеле посилно да ја погодат Русија, ако бидат насочени кон руската централна банка.

Москва во повеќе наврати демантираше дека стои зад нападот на Сергеј и Јулија Скрипал во британскиот град Солсбери на 4 март. Двајцата по подолго лекување заздравија, а поради случајот дојде до взаемно протерување на дипломати во западните земји и Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП