2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворање нова фабрика за еко пелети во Гиновци

Отворање нова фабрика за еко пелети во Гиновци

Нова фабрика за еколошки пелети „EkoLife“ денеска ќе биде отворена во село Гиновци, општина Ранковци. EkoLife Pellet е инвестиција од три милиони евра, а на почетокот ќе бидат вработени 40 лица.

Според проценките, во идните месеци се очекува бројот на вработени да се искачи на 100. Од компанијата посочуваат дека EkoLife ќе даде нова димензија на еко свеста во Македонија, преку производство на еколошки производи.

Покрај директните вработувања, Eko Life ќе придонесе за значаен економски развој на територијата на општина Ранковце, како и на целата држава преку дополнителните вработувања во делот на добавувачи на репроматеријали.

На отворањето на фабриката ќе присуствува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Фабриката ќе работи со капацитет до три тона на час и веќе поседува сертификат за систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2015; систем за управување со животна средина EN ISO 14001:2015 и сертификат FSC® Chain-of-Custody – C142648. Во постапка е добивањето на сертификатот EN Plus.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП