20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВремето денеска променливо облачно со локален слаб дожд

Времето денеска променливо облачно со локален слаб дожд

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, информираат од УХМР.

Попладне, пак, облачноста ќе се намали велат синоптичарите и додаваат дека во источните делови од земјава ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 30 степен, а УВ индексот ќе изнсува 6.

Во Скопје, додаваат од УХМР, времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од среда, пак како што информираат синоптичарите, ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП