9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИндиски тајкун има околу 20 милијарди долари заробени во компанија со која...

Индиски тајкун има околу 20 милијарди долари заробени во компанија со која „војува“

Еден од најбогатите Индијци, тајкунот Палоњи Мистри е најнесреќниот милијардер на светот. Тој не може да дојде до своето огромно богатство од 20 милијарди долари, бидејќи се заробени во акциите на најголемиот индиски конгломерат „Тата Груп“, меѓу другото, сопственик и на компанијата „Тата Моторс“, која е најголем национален производител на автомобили.

Проблемите започнале откако синот на Палоњи, Сирус Мистри е избркан од функцијата претседател на „Тата Груп“, каде бил од 2011 година, а семејството Тата ги запленило неговите акции, кои изнесуваат 20 отсто од вкупните акции на компанијата. Иако веќе две години Палоњи Мистри се обидува да ги врати акциите, семејството Тата, кои се сопственици на конгломератот вреден над 100 милијарди долари, упорно го спречуваат во тоа.

Минатиот месец Палоњи доживеа и нов удар. Имено, семејството Тата успеало да изврши измени во деловниот правилник во својата компанија, со што ги ограничува сите свои акционери во слободната продажба на акциите.

Одлуката е призната и од индиската Влада, а тоа значи дека Мистри, со удел од речиси 20 отсто во компанијата, нема да може да ги продаде своите акции без претходно одобрение на управниот одбор на „Тата Груп“, со која е во лоши односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП