19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоплотниот бран ќе ги чини Британците 45 милиони фунти неделно

Топлотниот бран ќе ги чини Британците 45 милиони фунти неделно

Цената на храната во Велика Британија ќе се зголеми 5 проценти поради екстремните временски услови, пишува весникот „Ивнинг стандард“.

Се очекува дека цената на месото, зеленчукот и на млечните производи ќе скокне, предупредуваат економистите.

Исто така, пролонгираното студено време и подоцнежниот бран топлина во текот на зимата и летото, ќе ги зголемат сметките за храна околу 7,15 фунти месечно, објави Центарот за економски и деловни истражувања „Чебр“.

Студениот бран на почетокот од годината веќе имаше штетно влијание врз земјоделството, а некои други гранки на индустријата се погодени од топлотниот бран во текот на летото.

Екстремните временски услови се очекува да ги зголемат трошоците за британските потрошувачи во висина од 45 милиони фунти неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП