2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко планирате да заминете на грчките острови на 3 септември, одложете го...

Ако планирате да заминете на грчките острови на 3 септември, одложете го патувањето

Грчките фериботски компании најавија за понеделник, 3 септември, еднодневен штрајк. Затоа се повикуваат туристите што ќе патуваат на некој од грчките острови тој ден, а платиле траектни билети, задолжително да ја проверат ситуацијата во нивните туристички агенции.

Причината за штрајкот е одбивањето да се зголемат платите на морнарите и да се подобрат условите за работа веќе седма година по ред.

Како што се наведува, на патниците кои резервирале траектни билети за 3 септември им се препорачува да ја проверат состојбата во нивните туристички агенции или да се јават во локалното пристаниште за дополнителни информации, а на патниците чие патување беше откажано поради штрајкот, а билетите ги платиле однапред, целосно ќе им бидат вратени парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП