3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондончани ја насочуваат својата потрага по дом надвор од главниот град

Лондончани ја насочуваат својата потрага по дом надвор од главниот град

Лондончани купуваат повеќе станови надвор од главниот град, бидејќи цените во Лондон остануваат премногу високи, дури и по крајот на продолжениот децениски станбен „бум“, коментира „Bloomberg“.

Во првата половина од годината лондончани купиле над 30.000 домови надвор од градот, што претставува раст од 16% на годишно ниво и од 61% во однос на истиот период од пред десет години, покажа истражувањето на „Hamptons International“. Речиси 40% си заминаа од Лондон и се преселија во југоисточниот дел на Англија, а зад нив со 30% се оние кои се пренасочуваат кон источниот дел на земјата.

„Со падот на пристапноста повеќе лондончани си заминуваат од главниот град, за да купат нов дом“, вели Аниша Бевериџ, аналитичар во „Hamptons“. „Повеќе луѓе прават поголем чекор и купуваат поголеми домови од порано, за да го избегнат плаќањето на давачките при нови места“, додава таа.

И покрај неодамнешното „ладење“ на пазарот цените на куќите во главниот град речиси се дуплирани во изминатата деценија, откако побарувачката ја надмина понудата, а ниските каматни стапки го потткрепија купувањето. Растот на цените на куќите кои сега го чинат просечниот жител на Лондон рекордна сума, која е 14,5 пати поголема од годишната плата, значи дека многу жители на градот веќе не можат да си дозволат купување на стан.

Давачките за живеалиште во вредност 483.800 фунти – просечната цена за Лондон изнесува 9.190 фунти за купувачите на прв стан и 14.190 фунти за оние кои претходно имале имот, покажуваат податоците на британската влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП