18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно време со локални врнежи од дожд и силен ветер

Облачно време со локални врнежи од дожд и силен ветер

Времето денеска ќе биде облачно и значително посвежо, во поголем дел од земјава со врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи и засилен северен ветер.

Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 21 до 28 степени. УВ-индексот ќе биде 4.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне, а ќе дува и засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 24 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а услови за локален дожд ќе има само во источните делови. Од среда ќе настапи стабилизација со постепен пораст на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП