27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗа што најмногу жалат милионерите?

За што најмногу жалат милионерите?

Најновото истражување покажа дека она за што милионерите најмногу жалат е всушност односот со нивните сакани лица.

Во истражувањето учестуваа повеќе од 2.000 американски милионери кои одговорија на само едно прашање, а тоа е: За што најмногу тие се каат или жалат во животот?

На прво место е лошиот однос со семејството, потоа краткото време поминато со најмилите, а на трето место е пропуштањето на некои добри прилики.

Недоволната грижа за здравјето се наоѓа на четвртото место, а на петтото и шестото се лошите одлуки кога станува збор за работата, како и премногу време потрошено на изградба на кариерата.

Она што може да се заклучи е дека парите не гарантираат среќа и дека сите лица, без оглед колку пари имаат, сигурно жалат за нешто во својот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП