Европската Унија ја предупреди Италија да се воздржи од закани поради мигрантска криза.
Портпаролот на Европската комисија, Александар Витерштајн, денеска изјави дека „ЕУ е заедница на правила и работи врз основа на правилата, а не закани”.
Италија забрани бродовите што ги спасуваат мигрантите на море да дојдат на нејзините пристаништа наведувајќи дека таквиот чекор го презема бидејќи другите земји биле неспособни во справувањето со мигрантите и не можеле да обезбедат помош.
Вицепремиерот на Италија, Луиџи ди Мајо рече дека Владата може да ги намали придонесите во буџетот на ЕУ ако не се најде решение.
Витерштајн ги повика „сите страни да работат заедно за да најдат брзо заедничко решение“.