18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас рече дека ќе ја зголеми минималната плата во Грција

Ципрас рече дека ќе ја зголеми минималната плата во Грција

Крајот на меморандум значи враќање на колективните договори и зголемување на минималната плата, изјави премиерот на Грција, Алексис Ципрас за време на посетата во бродоградилиштето „Неорио“ на островот Сирос, соопшти агенцијата „АНА-МПА“.

Грчкиот премиер истакна дека владината цел е работниците да го вратат она што го изгубиле за време на кризата.

„Ние не заборавиме кој сме и кого ние претставуваме“, рече Ципрас.

Вчера владиниот портпарол Димитрис Јанакопулос изјави за „ЕРТ“, дека преговорите за колективните договори може да почнат од 1-ви септември.

Тој потврди дека владата има намера да пристапи кон зголемување на минималната плата, а има за цел да биде зголемен просечниот еднократен приход на луѓето.

Јанакопулос, исто така, рече дека нема потреба да се намалат пензиите за да се постигне 3,5 отсто од буџетскиот вишок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП