27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ја покажа иднината на спортските автомобили

Audi ја покажа иднината на спортските автомобили

„Audi“ го претстави новиот електричен концепт „PB18 е-tron“, кој според компанијата е за „возење на патеката и на патот“. Тоа дека автомобилот е наменет за уживањето при возењето и сугерира на недостатокот на какви и да е системи за автономно движење, како и можност за „центрирање“ на местото на возачот, ако во возилото е само тој.

Електричниот концепт е управуван од три електромотори – еден на предната оска со моќност од 150 kW и два на задната со вкупна моќност од 350 kW. Нивната вкупна моќност е 500 kW или 680 КС. Во режимот „overboost“, максималната моќност се зголемува на 775 КС и вртежен момент од 830 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч се одвива за помалку од 2 секунди.

Тежината на „PB18“ е 1.550 килограми и покрај спортската форма. Електромобилот има багажник со волумен од 470 литри. Прототипот има батерија од 95 kW/h, која обезбедува 500 километри на новиот „WLTP“ циклус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП