5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХраната, пијалаците и сметките во јули поевтинија во Босна

Храната, пијалаците и сметките во јули поевтинија во Босна

Инфлацијата во Босна и Херцеговина, мерена според индексот на потрошувачки цени, во јули 2018 година падна за 0,7% во однос на јуни.

Облеката и обувките во просек беа пониски за 6 отсто, храната и безалкохолните пијалаци за 1,4 отсто, кириите, водата, електричната енергија, гасот и другите горива за 0,3 отсто, а за ист процент паднаа и цените на превозот, според податоците објавени од Агенцијата за статистика на БиХ, известуваат „Независне новине“.

Во јули, во однос на претходниот месец, рекреацијата и културата се зголемија во просек за 1,9 отсто, здравствената заштита за 0,4 отсто, другата стока и услуги за 0,3 отсто, мебелот, апаратите за домаќинство и редовното одржување на домот за 0,1 процент.

Нивото на цените во јули беше за 1,8 проценти повисоко споредено со истиот месец минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП