3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCorriere: Трамп нуди помош на Рим со купување на државни обврзници

Corriere: Трамп нуди помош на Рим со купување на државни обврзници

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на италијанскиот премиер Џузепе Конте дека САД се подготвени да и помогнат на Италија, така што ќе купат државни обврзници во текот на следната година, со оглед на обидите на Рим да го рефинансира долгот. Тоа го објави италијанскиот весник „Corriere della Sera“, повикувајќи се на тројца високопоставени италијански извори.

Според изданието, цитирано од „Bloomberg“, Конте го споделил предлогот со неколку државни претставници, откако се вратил од посетата на Вашингтон пред околу три недели. Премиерот за возврат не дал детали околу предлогот, ниту коментирал дали тоа е применливо.

Идеите на предводена од Движењето „Пет ѕвезди“ владејачка коалиција во Рим за стимулирање на трошоците и намалување на даноците имаа негативно влијание врз италијанските обврзници. Ширењето на приносот на 10-годишните државни хартии од вредност во однос на германските може да достигне 470 базични поени – највисоко ниво од финансиската криза па наваму, од сегашните околу 275 поени, ако буџетот на земјата го мине европскиот лимит за дефицит од 3%.

Во меѓувреме експерти коментираат дека ветувањето на Трамп може да се покаже како подджано. „Се насмеав многу кога ја видов пораката“, вели Јан фон Герих, главен стратег во „Nordea Bank AB“. „Не сум запознаен со какво и да бил портфолио врз кое тој има директна контрола“, појасни тој. Според него е можно Трамп да го користи своето влијание за да ги натера домашните инвеститори или јавните пензиски фондови да купуваат, но „тоа најверојатно би било нешто малку, а не значителни количини“.

Трамп неколкупати изразува поддршка за антиимиграционите движења во Европа, како и за политички лидери кои го предизвикуваат европскиот политички статус кво. Лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини и неговиот сојузник од „Пет Ѕвезди“, Луиџи ди Мајо инсистираат ЕУ да ги промени одредбите за дефицитот, што ќе овозможи зголемување на трошоците и намалување на даноците.

Тие исто така се обврзаа за придонесот на Италија кон европскиот буџет со миграциското прашање.

Во оваа година италијанскиот дефицит се очекува да биде на ниво од 1,6% од економското производство, што е во рамките на европската рамка од 3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП