20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСопствениците казнети со 1,3 милиони евра за нелегално изнајмување станови во Париз

Сопствениците казнети со 1,3 милиони евра за нелегално изнајмување станови во Париз

Властите во Париз ги казнија сопствениците за нелегално изнајмување станови од почетокот на годината со повеќе од 1,3 милиони евра.

Бројот на казните за нелегално изнајмување апартмани преку сервисот „Аирбнб“ и преку други онлајн апликации значително се зголеми во 2018 година, а градските власти се обидуваат на тој начин да ја спречат таквата пракса во услови на заострување на кризата за домување, пренесуваат „Ројтерс“ и порталот „Франс 24“.

Кршењето на градските прописи за изнајмување беше утврдено кај околу 111 недвижнини, со просечна казна од 12 000 евра.

Париз, но и другите градови низ светот ги заострија правилата за работа на „Ербнб“, поттикнати од поплаките на хотелите и жителите кои сметаат дека изнајмувањето ги забрзува шпекулациите за цените на недвижностите.

Со цел да се реши овој проблем, во Париз се собра тим од 30 експерти.

Во парламентот, во процес е новиот закон со кој се предвидува казнување за непрописно рекламирање на недвижен имот за изнајмување преку интернет, со парични казни во висина до 50 000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП