11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Германија не е зависна од Русија

Меркел: Германија не е зависна од Русија

Планираниот подводен гасовод во Црното Море нема да ја направи Германија зависна од Русија за енергија, рече германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска.

Таа во обраќањето на студентите во Тбилиси повтори дека Берлин сака да обезбеди континуирана испорака на дел од рускиот гас преку Украина и по завршувањето на „Северниот тек 2″.

Критичарите на овој проект, развиен од рускиот гигант „Гаспром”, велат дека тој ќе ѝ го одземе клучниот адут на Украина во односите со својот источен сосед.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатиот месец изјави дека Германија е „заробеник” на Русија бидејќи е енергетски зависна од неа.

Германските и руските власти, исто така, ја отфрлија оваа проценка.

„Северниот тек 2″ ќе поминува низ ексклузивните зони и територијални води на пет земји – Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија.

Гасоводот ќе биде долг повеќе од 1 200 километри и ќе може да пренесува 55 милијарди кубни метри гас годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП