5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВашингтон подготвува санкции против ЕУ за „Северен поток 2“

Вашингтон подготвува санкции против ЕУ за „Северен поток 2“

Властите во САД подготвуваат санкции против европските компании вклучени во изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, пишува француското издание „Atlantico“.

Во интервју за весникот експертот Стефан Силвестер потсетува дека во јуни 2017-та американскиот Сенат усвои закон кој предвидува казни за компаниите кои се вклучени или ја финансираат изградбата на гасоводот, кој треба да помине по дното на Балтичкото Море и да ја поврзе Русија со Германија, која е меѓу најголемите корисници на рускиот гас. Експертот посочува дека американскиот претседател Доналд Трамп сé уште не го потпишал законот.

Силвестер коментира дека главните аргументи на Трамп се поврзани со прекумерната зависност на Европа од руските енергетски резерви и потсетува дека 40% од увезениот во ЕУ гас е руски, но за некои земји тој е многу повисок – 46% за Германија и 80 % за Полска.

Според него, во случај на санкции најмногу страдаат компаниите што го финансираат гасоводот.

Силвестер смета дека Германија нема да се откаже од „Северен поток 2“ и тоа е потврдено на скорешната средба меѓу канцеларката Меркел и претседателот на Русија Владимир Путин, но најверојатно ќе се согласи да увезува познати количества американски течен гас како гест, дека сака компромис со Вашингтон, кој цврсто се противи на проектот.

„Северен поток 2“ е планиран со капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, долг е околу 175 км и проценките на експертите е дека ќе чини околу 9,5 милијарди евра.

Германија го поддржува проектот, но против него има силен отпор не само од САД, но и од европски земји, како Полска и Данска, кои сметаат дека така ќе биде засилено руското влијание во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП