10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина поднесе жалба во СТО против американските царини

Кина поднесе жалба во СТО против американските царини

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) против тековните увозни давачки за кинески увезени стоки во вредност од 16 милијарди долари, објави кинеското Министерство за трговија.

Двете земји воведоа реципрочни царински давачки за стоки во висина од 100 милиони долари од почетокот на јули и се очекува да следат нови давачки.

„Повикувајќи се на СТО, Кина сака да обезбеди заштита на принципите за слободна трговија, како и нејзините легитимни права и интереси“, се вели во соопштението.

„Кина силно се противи на ова и е принудена повторно да ги преземе потребните контрамерки“, велат од министерството.

Пекинг вчера наметна 25 отсто увозни давачки од 16 милијарди долари на американски стоки, како одговор на 25 отсто американски царински давачки кои се на сила на кинески увезените стоки со иста вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП